Без победник на дербито Вардар – Работнички

Вардар и Работнички одиграа нерешено 1-1 во дербито на 33-тото коло во Првата лига. „Романтичарите“ поведоа со голот на Петар Петковски во 33-тата минута, но на почетокот на второто полувреме Вардар израмни со погодокот на Дарко Мицевски во 50-тата минута.

Беласица продолжи со одличните игри откако со 3-2 славеше против Ренова. Струмичани водеа со 1-0, потоа беа во негатива од 1-2, но со два погодоци во последните пет минути направија пресврт во своја корист и со головите на Милушев и Ѓоргиев стигнаа до три бода, кои им носат уште поголема надеж дека може да се спасат од испаѓање.

Македонија Ѓорче Петров стигна до три важни бодови против Шкупи, додека Шкендија одигра без голови на свој терен против Силекс.

Резултати:  Академија Пандев – Победа 4-0, Беласица – Ренова 3-2, Македонија ЃП – Шкупи 1-0, Шкендија – Силекс 0-0, Вардар – Работнички 1-1.

Табела: Шкендија 73 бодови, Вардар 60, Академија Пандев 56, Шкупи 43, Ренова 42, Македонија ЃП 41, Работнички 40, Силекс 38, Беласица 37, Победа 23.

- Оглас -

Најнови вести