Оле Гунар Солскјер наиде на непосакувани проблеми на денот кога неговата екипа ќе се соочи со Борнмут. Манчестер јунајтед ќе биде десеткуван за денешната средба, во составот најверојатно ќе ги нема клучните Пол Погба и Бруно Фернандеш.
Двајцата меѓусебно се повредиле на вчерашниот тренинг, Бруно го извлегол подебелиот крај при налетот на Погба, по што морале да одат на прегледи. Од клубот не се изјаснија колкава е штетата, но сигурно не е добро за Јунајтед доколку и двајцата не играат во дуелот од 33-тото коло.
Црвените ѓаволи имаат добра прилика да врзат три победи и да атакуваат на четвртото место на табелата, на кое засега стои Челзи со два бода повеќе.