Победничкиот менталитет на Ливерпул владее и кај младинскиот тим. Децата на Ливерпул успеаја да победат со 1:0 против третолигашот Шрусбери и да се пласираат во осминафиналето од ФА купот. Голот за победа на англискиот гигант всушност беше автогол на гостинскиот стопер Вилијамс, кој со глава го измами голманот на неговата екипа.
Иако немаше ниту еден играч од првиот тим, дури ни Јирген Клоп не беше на стадионот, „Енфилд роуд“ беше преполн да ги бодри младите фудбалери кои им возвратија со победа. Просечната возраст на стартерите на Ливерпул беше 19 години и 102 дена, но тинејџерите одиграа доминантно.
Домаќините имаа 58 отсто посед на топката, шутнаа 12 пати, изведоа дури 14 корнери и на крајот сосема заслужено се радуваа. Со овој резултат Ливерпул на „Енфилд роуд“ ја продолжи неверојатната низа без пораз. Веќе 40 меча во сите натпреварувања никој не се израдувал на легендарниот стадион, каде што Ливерпул има 35 победи и пет нерешени. На последните седум меча пред своите навивачи Ливерпул нема примено ниту еден гол.