Без предност по првиот дел на дербито на „Олд Трафорд“ (Видео)

Манчестер и Челзи играат 1:1 по првото полувреме од големото дерби кое се игра во рамките на 15-тото коло во Премиер лигата.

Црвените ѓаволи поведоа со голот на Скот Мектомини во 19-тата минута.

Претходно, Бруно Фернандеш не реализира удар од белата точка. Голманот на Челзи, Роберт Санчес, го прочита Португалецот и му го одбрани пеналот.

Во финишот од првиот дел, Челзи дојде до израмнување благодарение на голот на Кол Палмер.

 

Астон вила и Манчестер сити одиграа без голови по првото полувреме. Во првиот дел, многу подобар тим беше домаќинот, кој постигна и еден гол, но му беше поништен бидејќи топката ја помина аут-линијата.

- Оглас -

Најнови вести