Спортските настани во Холандија се забранети до 1 септември, а на тој датум воедно ќе почне и новата сезона во најелитната фудбалска лига. Ередивизие стартува во првиот ден од септември и нормално натпреварите ќе се играат без публика.
Прашањето кое се поставува изминативе денови е до кога портите на стадионите ќе бидат затворени за навивачите, а министерството за здравство денес донесе одлука. Сè додека не се најде вакцина, трибините ќе останат празни, а тој процес може трае повеќе месеци.
Како што е познато, холандската лига беше меѓу првите попознати која ја прекина сезоната и притоа не се прогласи шампион, како и испаѓање во понискиот ранг.