Без публика на ОИ во Токио

Олимписките игри во Токио ќе се одржуваат без публика откако во Токио е прогласена вонредна состојба, која на сила ќе стапи на 12 јули и ќе трае до 22 август.

Пандемијата со корона-вирусот од ден за ден прави сè повеќе проблеми во главниот град на Јапонија, а одлуката Игрите да се одржуваат без публика е донесена по денешниот состанок на организаторите и олимпискиот комитет.

Церемонијата е предвидена за 23 јули, додека планетарниот спортски собир ќе трае до 8 август. Во меѓувреме, граѓаните на Токио вршеа притисок со протести за Игрите повторно да се одложат или да се откажат поради ситуацијата со корона-вирусот, но тоа сигурно нема да се случи.

- Оглас -

Најнови вести