Една од најсилните ракотметни селекции на светот, Норвешка, славеше на драматичен начин со гол во последната секунда против Македонија вечерва во Скопје на пријателски натпревар.
Норвежанките и буквално погодија во последен миг и славеа со 27:26 во меч од затворен карактер и без публика во салата „Борис Трајковски“.
Македонија водеше со три гола разлика, 17:14 по првото полувреме, што е изненадувачки резултат со оглед на рејтингот на гостинките, кои сепак направија пресврт и победија.
Норвешка е една од најтрофејните нации во женскиот ракомет со 8 златни медали на Европските првенства, четири шампионски круни на Светските првенства и две злата на Олимпијадите.
Против нас ќе играат уште еден контролен меч, во сабота од 16 часот, со присуство на публика за која влезот во салата „Борис Трајковски“ ќе биде бесплатен.
Ова се последни подготовки за двете репрезентации пред стартот на ЕП што ќе се игра во ноември во Македонија, Црна Гора и Словенија.