Марк Антонио постигна прекрасен гол за Вест хем, а Чеканите неверојатно лесно стасаа до еден бод во дуелот со големиот фаворит Манчестер сити.
Антонио погоди преку себе во 18. минута за предност на Вест хем, екипа која потоа не дозволи пресврт.
https://twitter.com/OnlyFootballCl1/status/1319969403782549504?s=20
Резервата на Манчестер сити Фил Фоден израмни во 51. минута и потоа продолжи јаловата иницијатива на гостите, кои имаа голема шанса за победа во финишот, но не погодија Рахим Стерлинг и Ријад Марез.
https://twitter.com/FTTV20/status/1319982256534990850?s=20
Манчестер сити по шест одиграни натпревари веќе заостанува за пет бода зад лидерот Евертон и тоа со меч повеќе. Вест Хем има ист број бодови, осум како и денешниот ривал.