Играчите во Sport Life и овој викенд се покажаа на дело, составија тикети кои им донесоа убави добивки со релативно мали уплати, што е доказ дека тој што игра, добива.
КОЈ НЕ РИЗИКУВА, НЕ ДОБИВА, НА ЧЕТИРИ МЕЧА НАПРАВИ КВОТА ОД 2.174 И СИ ЗАРАБОТИ 1.500 ЕВРА
Играч од Кочани само со 50 вложени денари си заработи 108.701 денари бруто, а по одбивање на данокот, нето-заработката изнесува 92.403 денари. На овој тикет одиграни се само четири натпревари со големи квоти, а тактиката е да се игра на конечен тип и на повеќе голови во полувремињата.
Одиграни се четири натпревари „кец“ и „двојка“ и притоа да има повеќе голови во првото отколку во второто полувреме со одлични квоти. Најмалата квота беше 5.05, а најголемата 10.25.
Тикетот започна со дуелот меѓу Ремс и Олимпик Марсеј, кој заврши со триумф на гостите со 2:1. Ремс го отвори резултатот во 13-тата минута, но до крајот на првиот дел Марсеј направи пресврт преку Алексис Санчес и овој резултат не се менуваше во вториот дел.
Јувентус го победи Интер како гостин во Дерби Италија со минимални 1:0 на голема среќа на обложувачот, а единствениот гол го постигна Филип Костиќ во 23-тата минута.
Кочанчанецот имал голема доза среќа на најголемото фудбалско дерби на светот меѓу Барселона и Реал Мадрид, кое заврши 2:1.
Реал поведе во деветтата минута, а Барселона израмни во 45-тата минута. Малку фалеше обложувачот да остане без голема добивка бидејќи Реал Мадрид на десет минути пред крајот постигна гол, кој потоа беше поништен поради офсајд, а потоа во судиското продолжение Френк Кеси погоди за триумф, кој донесе радост во Кочани.
Последниот натпревар е од шампионатот на Перу, каде што исто така домаќинот Спортинг Кристал со пресврт славеше против Грау. Гостите поведоа на самиот старт, но потоа домаќинот прво успеа да израмни, а голот, кој во Кочани донесе 1.500 евра, го постигна Марлос Бренер.
СО КЛАСИЧНИ ИГРИ ДО ДОБИВКА ОД 2.000 ЕВРА ВО НЕГОТИНО
Обложувач во Неготино со уплата од 400 денари си заработи 142.161 денари бруто, односно 120.897 денари нето-добивка. На тикетот се одиграни 12 натпревари, и тоа игри кои најчесто се играат, конечен тип и 3+ голови.
Тикетот започна со дуелот меѓу Бордо и Ним, на кој домаќинот славеше со гол во 81-вата минута. Обложувачот имаше голема доза среќа на дербито во швајцарската Суперлига меѓу Јанг бојс и Базел, каде што чекаше да има три гола.
Домаќинот славеше со 3:0, но првиот беше постигнат во 76-тата минута. Само четири минути подоцна, Јанг бојс постигна уште еден гол. Обложувачот го израдува Седрик Итен, кој хет-трикот го заокружи со гол во 89-тата минута.
Неготинецот како да почувствува дека Ајакс и АЗ Алкмар ќе кикснат и наместо конечен тип, одигра на голови. Ајакс загуби со 2:3 од Феенорд, додека АЗ со 2:1 беше поразен на гостувањето кај Твенте.
МАЈСТОРСКИ ГО ИЗБЕГНА ИЗНЕНАДУВАЊЕТО ШТО ГО ДОЖИВЕАЈА ЧЕЛЗИ И ТОТЕНХЕМ
Мајсторски одигран тикет со пет натпревари и со уплата од 100 денари му донесе добивка од 77.245 денари бруто на обложувач во Скопје.
Обложувачот на тикетот ги одиграл екипите на Челзи и Тотенхем, кои во судиското продолжение примија гол и останаа без победите, но од нив не очекуваше да триумфираат, туку да постигнуваат голови, што и на крајот се случи. Челзи пред своите гледачи одигра 2:2 против Евертон, а обложувачот очекуваше Сините да постигнат два гола, а Евертон барем еден.
Тотенхем на гостувањето кај Саутхемптон одигра 3:3, а без победата остана во 93-тата минута. Овој исход разочара доста обложувачи, но не и скопјанецот кој очекуваше Тотенхем паметно да ги рапредели головите, односно да даде и во првото и во второто полувреме. Згора на тоа имаше доста среќа бидејќи Педро Поро го отвори резултатот во последните моменти од првото полувреме.
Манчестер сити со 6:0 го декласира Барнли во ФА купот и тоа го израдува обложувачот кој очекуваше Граѓаните да постигнат најмалку по два гола и во првото и во второто полувреме и за оваа игра беше најголем коефициентот, 6.50. За тоа се погрижи Ерлинг Халанд, кој за три минути даде два гола во првиот дел, а во 59-тата минута го постигна третиот гол, по што на сцена стапи Хулијан Алварес.
Атлетико Мадрид без големи проблеми ја реши Валенсија со 3:0, а Рајо Валјекано и Жирона уште во првото полувреме постигнаа три гола.