По заминувањето на Кристијано Роналдо, Реал „дава попуст“ од 50 проценти

Реал Мадрид во последните седум дена одигра три натпревари во шпанската лига и даде само еден гол, и тоа релативно среќен, во судиско продолжение, што е премалку за тим со скапо платени офанзивци.

Ако оние 0-0 против Барселона се сметаа и за солиден резултат, сепак успех е да не примите гол на „Камп ноу“, синоќа кога требаше да се покаже ефикасност, реализацијата целосно потфрли. Точно е дека Реал четири пати ги погодуваше пречката и стативата, но факт е дека имаат проблем во нападот. И бројките го потврдуваат тоа, тие никогаш не лажат.

Реал Мадрид во 2019 година даде точно 100 гола. Најголем дел од тие голови беа дело на Карим Бензема, но изостанува поддршката за Французинот. За споредба, во 2018 година, кога до половина го имаа и Кристијано Роналдо, Реал даде 142 гола, а во последната целосна година со Роналдо, 2017-та, Реал даде 156 голови. Значи со Португалецот, Реал даде дури 56 гола повеќе отколку без него. Со Кристијано, Реал секогаш годините ги завршуваше со 130 или повеќе постигнати голови, па затоа овие 100 во 2019 се дебакл.

Многумина велат дека трансферот на Антоан Гриезман во Барселона е фијаско, но Гризи во дресот на каталонскиот тим во Ла Лига сам има дадено повеќе голови од Винисиус, Родриго, Азар и Јовиќ.

Од друга страна, Реал не прима многу голови. Тоа е супер, но за да победиш, треба и да дадеш гол. Ова им е дефанзивно најдобрата сезона по 30 години. Во18 кола, примени се само 12 гола и повеќе наликуваат на Атлетико отколку на Реал. Кралевите првпат во својата историја одиграа четири пати 0-0 во првиот дел од шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести