Без тактика и со многу среќа: 120.000 денари од Среќната 13-ка заминаа за Струга (Фото)

Редовениот играч на Sport Life од Струга, Винко Г. е победник на декемвриската етапа на Среќната 13-ка со најголема погодена квота. Винго имаше поголема погодена квота од второпласираниот Зоран Ф. само за 27, но и тоа беше доволно за да ја освои главната награда од 120.000 денари.

Вистински микс од игри и спортови имаа вкупна квота од 3.402,03, но и голема среќа ја донесе главната награда во Струга.

„Учествувам во сите промотивни акции на Sport Life, но овојпат воопшто не ми беше целта да играм за Среќната 13-ка. Бев во некое бразање и само пишав тикет и воопшто не забележав дека имам 13 натпревари. Дури следниот ден кога отидов да го исплатам тикетот ми кажаа дека сум прв на листата со најголема квота. Ме посака среќата“, вели Винко.

Дека се работи за одличен познавач на спортот, говори и фактот дека најголемата добивка од игрите на среќа ја има освоено уште во поранешна Југославија, и тоа сума која тешко може да се пресмета во денешни пари.

„Добар играч сум. Редовно добивам големи суми на тикети, по 500 или 1.000 евра. Сепак, оваа награда од 120.000 денари е најголемата која сум ја добил во Sport Life и воопшто во независна Македонија. Најголемата премија ја освоив во поранешна Југославија, кога погодив слично како и сега 13-ка. Тогаш добив 53 милиони динари, пари со кои тогаш можев да купам нов автомобил „застава 101“ директно од фабрика“, додава Винко.

Награди освоија и второпласираниот Зоран и третопласираниот Саша. Тие освоија 60.000, односно 20.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести