21.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Без Тричковски против Ерменија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, потврди дека на утрешниот натпревар против Ерменија од Лигата на нациите дефинитивно нема да игра Иван Тричковски. Популарниот Тричко не ги издржа напорите на денешниот тренинг, па селекторот го избриша од листата на кандидати за настап.

Напаѓачот на АЕК Ларнака тренираше индивидуално, има мала повреда на предниот дел на бутниот мускул, но не е фит и нема да се ризикува со него. Тој е третиот играч на кој Ангеловски нема да смета, покрај првиот голман Столе Димитриевски, кој е позитивен на ковид-19 и не ни допатува во Скопје, и на Даниел Аврамовски, кој е повреден.

- Оглас -

Најнови вести