Без ВАР, Барселона и Реал ќе имаа ист број бодови, вака Барса има девет бодови плус!

Барселона по деветти пат сезонава победи со резултат 1-0, рекордот во Шпанија е 11, а Каталонците сигурно чекорат кон титула, и во Ел Класико на нивниот „Камп Ноу“ ќе влезат со големи девет бодови предност во однос на Реал Мадрид.

Барса вечерва имаше помош од ВАР технологијата, бидејќи и при дадениот и примениот гол, одлуката на судијата на терен, Хил Мансано, беше променета.

Лидерот на табелата во шпанската Ла Лига, од одлуките на ВАР има полза од четири бодови, а Реал Мадрид има минус од пет, па ако не постоеше ВАР и ако останеа одлуките на судиите, сега двата лути ривали ќе имаа ист број на бодови.

- Оглас -

Најнови вести