Безбедносниот додаток на болидите наречен хало, му го спаси животот на Хамилтон (Видео)

Австралискиот пилот Даниел Рикјардо кој вози за Мекларен, ја извојува својата прва победа од Монако 2018 наваму, но во центарот на вниманието се Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, поради нивниот судар, по кој ја завршија трката.

Холанѓанецот и Британецот кои се борат за титулата, се најдоа во ситуација да бидат еден покрај друг на кривина. Хамилтон се чини дека беше во мала предност, но не остави премногу простор за Ферстапен кој беше на внатрешната страна. Ферстапен се обиде да го престигне Хамилтон, и сударот беше неизбежен.

Ред Булот на Ферстапен се качи врз Мерцедесот на Хамилтон, а да не беше безбедносниот додаток наречен хало, којзнае што можеше да му се случи на Хамилтон.

https://twitter.com/i/status/1437058597867884544

- Оглас -

Најнови вести