Безбедносното возило прво мина низ целта во Монца

Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Италија, но тој низ целната линија помина зад безбедносното возило кое се појави на патеката по инцидентот на Даниел Рикјардо на шест круга до крајот.

Иако се чинеше дека патеката е чиста, сепак немаше веќе тркање и Ферстапен стана победник, а второплалсираниот Шарл Леклер не доби шанса да се обиде да победи.

Повторно Ред Бул го надмудри Ферари, Леклер имаше едно влегување повеќе во бокс од Ферстапен, и тоа беше голем проблем за него. Место на подиумот имаше и за Џорџ Расел од Мерцедес.

- Оглас -

Најнови вести