Пресметките на Атлетико Мадрид и Барселона секогаш се интересни и предизвикуваат внимание, а иако традицијата на меѓусебните дуели убедливо е на страната на Каталонците, сепак кога станува збор за нокаут-пресметки како оваа од Купот, и Јорганџиите знаеле да излезат како победници.
Во Специјалот на Sport Life има огромен број игри за овој прв полуфинален меч во Мадрид, а предизвик е да се погодат стрелци. Кај Барселона, која е најефикасен тим во Шпанија, а можеби и во Европа, многу играчи знаат да погодат. Ќе ги нема Рафиња и Рашфорд, но тука се Левандовски, Феран Торес, Јамал (нема пораз во кариерата кога играл против Атлетико), Олмо, Фермин Лопес.
Новитет кај Атлетико е опасниот Адемола Лукман, кој со Сорлот, Хулијан Алварес, па и Гризман, треба да бидат закана по голот на гостите. Но, на лигашкиот меч кој се одигра пред некој месец во Барселона имаше изненадувачки стрелец на првиот гол, тоа беше Алекс Баена од Атлетико. Квотата за тоа да се повтори е 10.0.
Голови ќе има, ќе има и картони, корнери, фаули, офсајди, ваше е да погодите колку.


