Бездомници ќе бидат згрижени на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес за да бидат заштитени од стуреното време кое е во Аргентина. Додека во Европа владее летото, во Јужна Америка е зима, а во Аргентина температурите паднаа и под нула степени целзиусеви, што предизвика проблем за голем број бездомници.
Поради економската криза, бројот на бездомниците во Аргентина нагло се зголемил во последниве неколку години. Еден маж на 52 години починал од студот во Буенос Аирес.
„Од 18 часот до следниот ден утрото ќе бидат отворени вратите на стадионот. Ривер плејт покажа голема хуманост. Тоа што нема да бидат на отворено, може да го спаси животот на бездомниците. Сега луѓето ќе имаат каде да спијат и да јадат нешто“, вели Хуан Кар, кој е дел од хуманитарната акција за згрижување на бездомниците.