Безмалку 50-ка коефициент за пет дуели, три фудбали и две кошарки

Денешните Квоти на денот се комбинација од фудбал и кошарка, а ако ги одиграте сите пет понудени опции заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 49.38.

Жалгирис е фаворит за победа над Баерн Минхен во дуел од кошаркарската Евролига. За опцијата Жалгирис да води на полувреме и да победи на крајот, се дава квота од 1.90.

Втората кошарка треба да биде „два во два“, односно Барселона да води на полувреме на теренот на Валенсија и каталонскиот гигант на крајот да се радува на триумф. И оваа опција е со коефициент од 1.90.

Од фудбалските возбудувања, Глазгов ренџерс треба без проблеми да победи на гости кај Рос каунти, и тоа во меч на кој гостите ќе постигнат најмалку три гола. За 2&T2 3+ коефициентот е 2.30.

Гент игра против Стандард во Белгија и тука домаќинот е фаворит за триумф, а опцијата 1&2+ второ има примамливо висока квота дури од 3.05.

Во Белгија ќе играат и Мехелен – Серкл Бриж, а тука опцијата е да се одигра на погодоци. За да има 1-3 гола во првиот и 1-3 гола во вториот дел, носи коефициент од 1.95.

- Оглас -

Најнови вести