Би-би-си го нарече Роналдо – „Мистијано Пеналдо“

Нереализираниот пенал на Кристијано Роналдо против Словенија во текот на продолженијата предизвика големи реакции и шеги кај медиумите, а Би-би-си го нарече Misstiano Penaldo. Играта на зборови комбинира „miss“ (промашување) и „penalty“ (пенал).

Во продолженијата од натпреварот, Роналдо промаши пенал во 105-тата минута, а Јан Облак со одлична интервенција го одбрани ударот. Би-би-си спорт прикажа повторување на одбраната на Облак и го прекрсти Роналдо во „Мистијано Пеналдо“.

Оваа шега не беше добро примена од спортската јавност. Поранешниот капитен на Англија и на Челзи, Џон Тери, го изрази своето незадоволство на социјалните мрежи, опишувајќи го потегот на Би-би-си како срамен.

 

- Оглас -

Најнови вести