Би-би-си го одбра тимот на декадата во Премиер лигата (фото)

Британскиот медиум Би-би-си го одреди најдобриот тим во Премиер лигата од последниве 10 години. Изборот се базира на комбинација од статистика, успех и времето поминато во најатрактивната англиска лига, како и според ставовите на спортските новинари на овој медиум.

Во формација од 4-3-3, на голманската позиција се најде Дави де Хеа, чуварот на Манчестер јунајтед. Дефанзивната четворка ја сочинуваат Патрис Евра (лев бек), Винсан Компани (стопер), Вирџил ван Дајк (стопер) и Трент Александер-Арнолд (десен бек).

Легендата на Ливерпул и сегашен тренер на Ренџерс, Стивен Џерард, го предводи средниот ред, а заедно со него се Н’голо Канте и Кевин де Бројне.

Опасното трио во нападот се состои од Еден Азар, Серхио Кун Агуеро и Хари Кејн.

Меѓу овие 11 фудбалери има голем број трофеи, а Кејн е единствениот кој не може да се пофали со какво било одличје.

- Оглас -

Најнови вести