Би било како од бајките Македонија по ЕП да оди во Катар на Мундијал со освоена група во Лигата на нациите

Би било вистинска фудбалска бајка за Македонија сценарио што сите кај нас го посакуваат, а тоа е да се продолжи со ренесансата на репрезентативниот фудбал и по настапот на Европското првенство ова лето, да играме и на Светското во Катар, а претходно да бидеме и победници во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите.

За тоа најпрво ќе ни треба подвиг во март, на 24 против Италија во полуфиналниот бараж-дуел во Палермо, а ако победиме, потоа и пет дена подоцна на ново гостување кај Португалија или Турција.

Две големи победи во март нè носат на Мундијалот во Катар, што ќе се игра во ноември и декември идната година, и ако приредиме сензации таму, би можеле да отпатуваме со круната во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите.

Натпреварите со Бугарија, Грузија и Гибралтар, вкупно шест, односно по два со секој ривал, ќе ги играме во јуни и во септември исто така идната година, што значи дека пред почетокот на Светското првенство во Катар веќе ќе се знае и кои се четирите шампиони во четирите групи во Сегментот Ц што би играле за титулата севкупен победник и за пласман во Сегментот Б.

Распоредот на мечевите во Лигата на нациите предвидува да се играат четири меча во јуни 2022 година и два во септември истата година.

 

- Оглас -

Најнови вести