Би било прекрасно да се види: Барса ќе ги спои браќата Гасол?

Би било убаво да се види последниот танц на браќата Пау и Марк Гасол во клубот каде што ги направија првите чекори во кошарката. Барселона наводно е следната дестинација на досегашниот центар на ЛА лејкерс, кој во размена со Мемфис гризлис се врати во оваа екипа, но не планира да се задржи.

Наводно Мемфис ќе го ослободи од договорот со цел 36-годишниот Марк да му стане соиграч на пет години постариот брат Гасол, со кого повеќе од 15 години ја дели соблекувалната во репрезентацијата на Шпанија.

И двајцата ги почнаа кариерите во „Блауграна“, по што имаа успешни кариери во НБА лигата. Марк во 2019 година беше дел од шампионскиот тим на Торонто, додека Пау на почетокот од минатата деценија со Езерџиите освои два прстени. И двајцата се некогашни ѕвезди на Гризлите, а токму Марк беше човекот кој го пополни местото на Пау кога постариот брат се пресели во Лос Анџелес.

Пау од почетокот на годинава е член на Барселона, иако има 41 година планира да ја одигра претстојната сезона пред да означи крај на кариерата, а веројатно ќе го стори тоа покрај брат му Марк кој има желба да се врати во татковината.

- Оглас -

Најнови вести