Некогашната југословенска, а подоцна и американска тенисерка, Моника Селеш, денеска полни 50 години.
„Малата Мо“ како што ја викаа додека доминираше на тениските терени пред нешто повеќе од 30 години, беше миленичка на просторите на поранешна Југославија, таа е најмлада освојувачка на „Ролан Гарос“, имаше осум грен-слем титули пред да наполни 20 години, и којзнае колку титули ќе имаше ако не се случеше оној напад во април 1993 година кога еден навивач на нејзината ривалка Штефи Граф, ја прободе Селеш со нож во грбот.
Раната на грбот зарасна, но Селеш психички не беше истата после тој инцидент кој пред 30 години го шокираше светот.
Денеска Селеш работи како мотиватор и вклучена е во кампањи за важноста на менталното здравје.