Екипата на Шкендија е тотален аутсајдер против Карабах во битката за пласман во плејофот за Лигата на шампионите, покажуваат квотите во Sport Life.
Квотата за Карабах да оди понатаму е 1.03, а на Шкендија е 15.0. Поголеми аутсајдери од Шкендија се само Ница и Лех, кои на првите мечеви дома загубија со по два гола разлика, а чудо би било и ако П’лзењ надомести три гола разлика против Ренџерс.
Најнеизвесно се очекува да биде на Слован Братислава – Каират, првиот меч го добија Казахстанците со 1-0, како и на Фенербахче – Феенорд (наа првиот меч беше 2-1 за Холанѓаните), а интересна е квотата од 3.00 за Динамо Киев да оди понатаму против Пафос. Кипраните на гости го добија првиот меч со 1-0, но според квотите за конечен тип на реваншот, украинскиот тим е фаворит, па ако Динамо победи, има добри шанси и да се најде во плејофот и оваа квота да биде добитна.