6.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Биди мајстор, погоди најмногу мечеви во Sport Life и освој 100.000 денари!

Нов месец, нови изненадувања во Sport Life обложувалниците. Од денеска започнува новата игра, и тоа ексклузивно за сите оние кои имаат SL картичка, а главните премии се освојување 100.000 денари. Како да стигнете до овие 100.000 денари?

Едноставно. Играта се состои во тоа да погодите најголем можен број натпревари на еден тикет. Уплатата треба да биде на SL картичка, а максимален број ставени натпревари е 50! Во играта се вклучени и добитните и недобитните тикети. Едноставно, најважно е да имате најмногу погодени средби кои ќе имаат минимум 1.30 коефициент.

ВРЕМЕ Е ЗА „ЧАРШАФ-ТИКЕТИ“ СО МИНИМУМ 1.30 КОЕФИЦИЕНТ

Тоа значи дека, на пример, ако одиграте 50 мечеви, а погодите 43 од нив и имате седум промашени, а ниту еден друг обложувач не успеал да стигне до бројката од 43 погодени натпревари на еден тикет, без разлика на седумте промашени, вие ќе бидете добитник на неделната премија од 100.000 денари. Едноставно играта е да имате најголем број погодени типови. Доколку на тикетот има типови кои имаат коефициент под 1.30, тие нема да влезат во играта, па дури и да се погодени, нема да се пресметаат како погодени за Играта.

ОСВЕН ГЛАВНАТА ПРЕМИЈА, ИМА ВРЕДНИ ДОБИВКИ И ЗА ТИЕ ШТО ЌЕ БИДАТ ВО ТОП 3

Оваа игра е поделена во осум етапи. Во една етапа влегуваат сите несистемски тикети уплатени во периодот од понеделник 9:00 часот до недела 23:00. Доколку на тикетот има меч кој е прекинат или неодигран во зададениот период, тој ќе се пресметува со коефициент 1 и нема да влезе во бројот на погодени мечеви.

Осумнеделните возбудувања веќе започнаа, а најдобриот во секоја недела ќе освои 100.000 денари! Освен неделниот шампион, добивки ќе има и за оние кои ќе бидат во Топ 3. За второпласираниот следува вредносен ваучер од 25.000 денари од „Техномаркет“ или „Анхоч“ (по избор на играчот во секоја етапа). Третиот ќе добие вредносни ваучери од 200 денари за секој ден во текот на еден месец.

АКО ИМА ПОВЕЌЕ ИГРАЧИ СО ЕДНАКОВ БРОЈ НАТПРЕВАРИ, ПОДОБАР Е ТОЈ ШТО ИМА ПОГОЛЕМ ПОГОДЕН КОЕФИЦИЕНТ 

Правилата на играта се многу едноставни. Тикетот МОРА да биде уплатен со SL картичка, која доколу ја немате извадено, може да ја добиете БЕСПЛАТНО во секој од објектите на Sport Life. Доколку има повеќе играчи со еднаков број погодени мечеви со коефициент од минимум 1.30, тогаш подобро рангиран е оној играч што има поголем погоден коефициент. Доколку се случи два тикети да имаат и еднаков број погодени мечеви и целосно ист фатен коефициент, тогаш подобар е тој тикет кој временски е прв уплатен. За комплетните правила на играта може да прочитате ТУКА.

Сите 24-ица играчи кои ќе бидат најуспешни во осумте етапи на акцијата „До 50 Шанси за 100.000 денари“, ќе изборат директен пласман во финалната фаза од Типстер куп натпреварот.

Играта започна, не чекајте, СОСТАВЕТЕ ГО ТИКЕТОТ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ПОГОДЕНИ МЕЧЕВИ. Со среќа на сите!

 

- Оглас -

Најнови вести