Аргентинскиот фудбалски стручњак Марсело Бјелса, кој е без ангажман од февруари годинава, ја одби понудата да седне на клупата на аргентинскиот гигант Ривер плата поради необична причина.
Бјелса доби понуда да го наследи Марсело Галјардо, кој на крајот од сезоната ќе го напушти тимот по осум години, но ја одби поради име на стадион.
Имено, во аргентинскиот шампионат има стадион кој го носи името на Марсело Бјелса, а тоа е домот на Њуелс олд бојс, каде што поранешниот тренер на Лидс помина 10 години како тренер и функционер и неколку години како играч.
„Не можам да тренирам тим кој игра против клуб чиј стадион го носи моето име“, кратко објасни Бјелса, што според многумина, беше невообичаена причина да се одбие голем човек.