Бјелса го тренира Лидс, но опседнат е со Њуелс олд бојс

Тренерот Марсело Бјелса потроши 2,5 милиони долари свои пари за изградба на хотел кој му го подари на неговиот сакан фудбалски клуб Њуелс олд бојс. Популарниот „Лудак“, кој е тренер на Лидс, каде што игра Езџан Алиоски, постојано предизвикува внимание во јавноста со своите изјави и потези, а сега во Росарио изгради и хотел во тренинг-центарот на клубот Њуелс.

Бјелса за хотелот, кој има пет ката и во кој ќе бидат сместени фудбалерите од првиот тим на Њуелс, даде 2,5 милиони долари, што е повеќе од неговите плати што досега ги има земено за шест месеци престој во Англија.

Хотелот со 12 двокреветни соби за фудбалерите и посебен дел за тренерскиот тим, како и сала за состаноци со поглед кон терените за тренинг, кујна, маса за пинг-понг, скара, лифт не е луксузен, туку целта е играчите да бидат фокусирани на работата и да го сакаат клубот за којшто играат. Бјелса го водеше Њуелс од 1990 до 1992 година.

Целиот хотел е декориран со црвена и црна боја, клупските бои на Њуелс олд бојс, и мебелот е во истите бои, а на ѕидовите има испишани мотивациски фрази, слики и постери со луѓе важни за историјата на клубот, како Габриел Хајнце, Габриел Батистута, Тата Мартино, Макси Родригес и Хорхе Валдано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести