БиХ ја победи Словенија – Дончиќ одигра под очекувањата

Босна и Херцеговина славеше над Словенија со 97:93 во балканската кошаркарска класика од треттото коло во групата Б на Евробаскетот.

Иако благодарение на првата четвртина (32:26) Словенија водеше на полувреме со 52:49, сепак во продолжението се случи целосен пресврт.

Босанците предводени од Џон Робертсон кој на крајот уфрли 23 поени, но и од Џанан Муса кој стигна до бројката од 22, дојдоа до двата бода.

На другата страна, пак, Лука Дончиќ одигра 35 минути и уфрли, за него скромни 16 поени и имаше по осум скока и асистенции.

По три одиграни кола во групата Б, Словенија и БиХ имаат по пет бода и се наоѓаат на делба на второто место, додека напред со максимален учинок е Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести