Репрезентацијата на Босна и Херцеговина со пресврт славеше над Романија и се избори за директен дуел против Австрија во последното за место на Светското првенство 2026.
Романија поведе преку Бирлигеа во 17-тата минута, но Босанците со головите на Џеко во 49-тата и на Бајрактаревиќ во 80-тата минута направија комплетен пресврт, а конечните 3-1 ги постави Табаковиќ во 94-тата минута.
Австрија е лидер во оваа група со 18 бода, два повеќе од Босна и Херцеговина, па во последното коло во директен дуел во Виена ќе одлучуваат која репрезентација ќе обезбеди директен пласман на Мундијалот, а која ќе разигрува во баражот.
Швајцарија е на чекор од пласман на Светското првенство, откако со 4-1 ја победи Шведска во претпоследното коло. Победа забележа и Косово, со 0-2 на гостувањето кај Словенија, но на нашите северозападни соседи ќе им треба чудо во последното коло за директен пласман на Мундијалот.
Швајцарците имаат 13 бода, три повеќе од Косово, но и далеку подобра гол-разлика, па и пораз до шест гола разлика ги носи на Светското првенство.
Драма ќе има во групата „Ц“, во која Шкотска и Данска во последното коло ќе играат „бараж“ меч за пласман на Мундијалот. Данците имаат 11 победа, откако се спасија од пораз против Белорусија и играа само 2-2, додека Шкотска по поразот од 3-2 на гостувањето во Грција, сега има еден бод заостанување и ќе мора да победи во Глазгов во последното коло за директен пласман на Мундијалот.

