Бикот Лаутаро незапирлив, тешка повреда на играч на Торино (Видео)

Интер со 3-0 славеше на гостувањето кај Торино и во моментов Нераѕурите од Милано се први на табелата во Серија А.

Маркус Тирам, Лаутаро Мартинес, и Хакан Чалханоглу од пенал, беа стрелци на головите. Аргентинецот Мартинес дојде до бројка од 11 голови сезонава, и тој е втор стрелец во Топ 5 лигите во Европа во моментов.

Торино на почетокот на второто полувреме, при 0-0, остана без холандскиот дефанзивец Шурс, кој го повреди коленото и веројатно станува збор за нешто сериозно, бидејќи други играчи на Торино се држеа за глава, а тој со солзи во очите на носила беше изнесен од терен.

https://twitter.com/i/status/1715781866148544592

- Оглас -

Најнови вести