Бикот од Памплона со хет-трик го декласира матичниот клуб (Видео)

Ојхан Санчет, младинскиот репрезентативец на Шпанија, со хет-трик го декласира матичниот клуб Осасуна и му донесе вредна победа на Атлетик Билбао во Памплона.

На познатиот стадион „Ел Садар“, на кој ги почна првите фудбалски чекори, 21-годишниот офанзивец немаше милост и рафалната стрелба ја почна со гол во 16-тата минута, откако претходно Кике Гарсија ѝ донесе предност на Осасуна од 1:0.

Првиот гол на мечот за Санчет можете да го погледнете ОВДЕ.

Ојхан продолжи да дава голови и со хет-трик направи комплетен пресврт до 68-мата минута, кога веќе беше јасно дека гостите од Билбао ќе си заминат со бодовите.

Вториот гол на Санчет можете да го погледнете ОВДЕ, а погодокот за хет-трик ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести