Биковите без многу мака обезбедија пласман меѓу осумте најдобри во Купот на Германија

Фудбалерите на Ред Бул Лајпциг обезбедија пласман во четвртфиналето од Купот на Германија откако пред своите гледачи со 3:1 го совладаа Хофенхајм.

Победата на Лајпциг ја најави Емил Форсберг во осмата минута со одличен шут од работ на шеснаесетникот.

На четири минути до крајот на првото полувреме, Лајпциг ја удвои предноста со уште еден убав гол, овојпат стрелец беше Лајмер.

Гостите успеаја во финишот од мечот да внесат неизвесност со голот на Анхелињо. Но, надежите за израмнување траеја само седум минути бидејќи Тимо Вернер со гол го круниса одличниот контранапад на Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести