Фантастичен плејоф се игра во НБА-лигата, а најблиску до второто коло е Филаделфија 76 по драматичната победа во Торонто со 104:101, по едно продолжение за водство од 3-0.
Џоел Ембид повторно блескаше со 33 поени и 13 скока, а го постигна и клучниот кош на 7 стотинки до крајот на дополнителното време од пет минути.
Иако е центар, Ембид покажа дека има мека рака и погоди од тешка позиција за трет триумф на 76-ките, кои сега се на една победа до второто плејоф-коло.
Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 95:95.
https://twitter.com/espn/status/1516972114120626177?s=20&t=L5mdMpyKg7RcvcA3fq0Lxw
Демар де Розан и неговите соиграчи од Чикаго булс потсетија на ерата на Мајкл Џордан и го победија шампионот Милвоки бакс на гости со 114:110, направија брејк на гостински терен и имаат одлични 1-1 по првите два меча.
Де Розан одигра блскав меч со 41 поен, 7 скока и 4 асистенции и го засени неверојатниот Јанис Адетокумбо, кој уфрли 33 поени со 18 скока и 9 асистенции во поразот на својот тим.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1516995494001618945?s=20&t=L5mdMpyKg7RcvcA3fq0Lxw
Брук Лопез даде 25 поени за Милвоки, а битката на центрите беше фантастична и на спротивната страна му парираше Никола Вучевиќ со 24 поени и 13 скока.
Прворангираниот фаворит за титулата пред стартот на сезоната, Бруклин нетс, повторно загуби во пеколната Градина на Бостон и Келтите славеа со 114:107 и водат со 2-0 во плејоф-серијата.
Мрежичките прокоцкаа двоцифрена предност што ја имаа пред стартот на последната четвртина и пак загубија.
Иако беше прв стрелец со 27 поени, Кевин Дурант одигра лош меч со шут од поле 4-17, а тивок беше и Кајри Ирвинг само со 10 поени.
Џејлен Браун беше клучниот фактор за новата победа на Бостон, постигна вкупно 22 поени, од кои дури 10 во последните 10 минути.