Манчестер јунајтед има само бод по две кола во Премиер лигата, а навивачите се плашат дека може да се им се повтори минатогодишната катастрофа, кога завршија на 15-тата позиција.
Очекувањата беа дека со доаѓањето на Рубен Аморим работите ќе се поправат, но Португалецот има катастрофален биланс на клупата на „црвените ѓаволи“.
Мечот против Фулам беше 29-ти за Рубен Аморим во Премиер лигата, а освои само 28 бода, односно просекот по натпревар е под еден бод. Манчестер јунајтед предводен од Португалецот има по седум победи и нерешени, но и 15 порази, со негативна гол-разлика од 33 дадени и 44 примени гола.