Билансот од хоророт во Ливерпул е 47 повредени, 27 се во болница, едно дете во сериозна состојба

Вкупно 47 лица се повредени во инцидентот во кој миниван се заби во навивачите на Ливерпул за време на парадата за прослава на освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата.

Дваесет лица добиле медицинска помош на местото на настанот, а 27 лица беа однесени во болница. Двајца од нив, меѓу кои и едно дете, се во сериозна состојба и со тешки повреди. Директорот на противпожарната и спасувачка служба изјави дека тројца возрасни и едно дете биле заробени под возилото.

Властите соопштија дека не го третираат инцидентот како терористички чин. Осомничен и уапсен е 53-годишен бел маж кој живее во градскиот регион. Во тек е истрага за околностите што довеле до непријатната ситуација која ја уништи прославата.

- Оглас -

Најнови вести