8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Билбао има идеална прилика да продолжи со добри резултати

1801 Мајнц – Хамбургер (20.30 часот)

Ако се погледнат последните пет кола, двата тима имаат освоено по 9 бода, но Мајнц загуби во минатото коло откако пред тоа имаше три победи по ред, со кои побегна од дното на табелата, додека Хамбургер повеќе од еден месец нема пораз. ХСВ има серија од три меча, на кои дава барем два гола, еден од тие беше со Баерн. Мајнц дома има три победи по ред, Хамбургер на гости има само една победа, но онаа од последното гостување. Во октомври во Хамбург беше 4-0, но Хамбургер 11 години нема победа во Мајнц.

Предлог тип: & 3+(2.55)

 

1701 Брест – Марсеј (20.45 часот)

Марсеј има црна серија од три меча едноподруго без победа, па веќе може да се каже дека се отпишани од трка за титулата, имаат 12 бода помалку од Ленс, -11 од ПСЖ. Марсеј е втор најефикасен тим во лигата, но проблем им е одбраната, дури и кога победуваат, примаат гол(ови). Брест е во долната половина на табелата, но има три средби по ред без пораз и не е загрозен од испаѓање. Брест е опасен дома, има четири победи на последните пет меча на свој терен, а Марсеј има само едно реми на 11 гостувања досега. Во 2022 беше последниот нерешен исход во нивните меѓусебни пресметки, есеноска Марсеј победи со 3-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

3001 Сасуоло – Верона (20.45 часот)

Сасуоло има 9 победи во досегашните 25 кола, што е добар учинок, а три од тие девет победи му беа во последните четири меча. Верона е последна на табелата, има 14 порази и тешко дека ќе се спаси, овој меч им е една од последните шанси да се фатат за сламка за спас. Верона има само една гостинска победа сезонава. Традицијата на меѓусебните дуели играни во Реџо Емилија вели дека ќе има голови на двете страни, но есеноска кога се сретнаа во Верона, беше 1-0 за Сасуоло.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)

 

1301 Атлетик Билбао – Елче (21.00 часот)

Според формата на двата тима, тука мора да има победа на домашните. Билбао освои 7 бода во последните три кола и сега е деветти на табелата, иако ни тоа не ги задоволува, ќе пробаат да излезат во Европа. Елче имаше супер старт на сезоната, но тоа е далечно минато, тонат и сега се само на еден бод над зоната на испаѓање. Елче е тим кој има дури 10 ремија, но Баскијците ретко играат нерешено, само четирипати сезонава. Елче нема победа на гости во оваа сезона, на 11 гостувања сезонава освои само четири бода. Есеноска беше 0-0.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.55)

 

1012 Блекбурн – Престон (21.00 часот)

Блекбурн со двете победи во претходнте три кола, се извлече од зоната на испаѓање, но далеку од тоа дека е безбеден, мора да продолжи да собира бодови ако сака опстанок. Престон е осми на табелата, се бори за место во плејофот за влез во Премиер лигата и три кола по ред не знае за пораз. Блекбурн е втор најслаб домаќин во Чемпионшип и тоа е негов проблем. На Блекбурн му лежи Престон како ривал, го победуваше со по 2-1 на последните две нивни пресметки, од кои последната во ноември.

Предлог тип:& 1-3 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести