Атлетик Билбао по победата од 1-0 над Елче, се прости со тренерот Гаиска Гаритано, а за нов кормилар го назначи Марселино Гарсија. Шпанскиот стратег потпиша договор со јуни 2022 година со баскискиот клуб и по пауза од речиси две години, се врати во шпанската Ла Лига.
Марселино до септември 2019 година беше предводник на Валенсија, каде што го оствари последниот тренерски успех со освојувањето на Кралскиот куп во сезоната 2018/19.
Искуството на Марселино со над 400 натпревари како тренер во шпанскиот фудбал треба да донесе подобри резултати за клубот од „Сан Мамеш“, кој по 17 кола во Ла Лига, се наоѓа на средината на табелата со 21 бод.
Инаку, Марселино ќе има прилика да додаде уште еден куп-трофеј во своето портфолио бидејќи Билбао го чека датумот за финалето во Кралскиот куп против Реал Сосиедад од минатата сезона, кое не се одигра поради пандемијата со корона-вирусот.
https://twitter.com/Athletic_en/status/1345849601190989826