„Билд“ ексклузивно објави: Нагелсман се договорил со Баерн Минхен!

Јулијан Нагелсман му кажал „Да“ на Баерн Минхен и тој ќе биде наследникот на Ханси Флик на клупата на актуелниот германски и европски првак. Ова го тврди еден од најпознатите и највлијателни весници во Германија, „Билд“. Нагелсман има само 33 години и важи за еден од најталентираните тренери во Европа, па Баварците кога веќе го имаат во близина, не сакаа да го испуштат.

За реализација на трансферот останува само уште Баерн и РБ Лајпциг да се договорат околу висината на отштетата која ќе треба да се плати за ослободување на Нагелсман, кој има договор со Црвените бикови до 2023 година. Се шпекулира дека Баерн ќе треба да плати околу 30 милиони евра, што би било рекордна сума платена за обесштетување за еден тренер.

Флик летово си оди и најверојатно ќе стане нов селектор на Германија, на местото на Јоаким Лев.

- Оглас -

Најнови вести