Билдерски понуди за најинтересните седум меча кои денеска ќе се играат во Европа 

Посебно возбудувања носат Бет билдер комбинациите кои се специјално само за одредени дуели во најсилните лиги во Европа. Во изминативе два дена имаше билдерски понуди кои се покажаа како добитни со огромни коефициенти, па затоа вреди да се одигра тоа што делува како најреално изводливо.

Вкупно осум комбинации има за седум различни средби. За мечот меѓу Милан и Торино се нуди квота од 13, а ќе биде добитна ако: Милан води на полуврме и победи на крајот, Рафаел Леао даде гол, има над 3,5 картони и Милан изведе над 5,5 корнери.

За дуелот меѓу Јувентус и Сасуоло има квота од 12, а потребно е да се остварат следните комбинации: Јувентус да даде гол во двете полувремиња, Јилдиз да има 2+ шутеви во рамките на голот, Јуветус да изведе над 5,5 корнери и Сасуоло да добие над 2,5 картони.

За пресметката на „Алијанц Арена“ во Минхен каде Баерн е домаќин на Унион Берлин, се нуди квота од 11, а потребно е: Баерн Минхен да води на полувреме и да победи на крајот, Хари Кејн да постигне два или повеќе голови, Баерн Минхен да изведе над 6,5 корнери и да има над 2,5 картони на мечот.

- Оглас -

Најнови вести