Македонската фудбалска репрезентација по пауза од осум месеци повторно игра на домашен терен во Скопје. Противник е Грузија, селекција која ни буди убави спомени, затоа што со победа токму над овој национален тим успеавме да се пласираме на Европското првенство.
Лани во ноември против Исланд кога победивме со 3:1 Македонија последен пат играше на арената „Тодор Проески“. Ова е прв меч за нашата селекција во 2022 година, а на само 15 минути пред почетокот на средбата, трибините се речиси празни.
Нема интерес кај навивачите. Дали во оваа глобална финансиска криза, билетите од 350 и 250 денари биле прескапи за фановите, дали времето ги поколеба фановите да дојдат на трибините или нешто трето?
Колку за споредба, дуелот меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина кој в сабота ќе се игра во Подгорица може да се следи со билет купен за само 2 евра.