34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Билетите на „црно“ за финалето на Вимблдон чинат колку автомобил од премиум класа

На Централниот терен во Лондон денеска со почеток од 17 часот ќе се одигра финалето на Вимблдон кое го очекува целиот свет – Јаник Синер против Карлос Алкарас. Двајцата најдобри тенисери на АТП листата ќе се борат за престижната титула на најголемиот тениски спектакл на трева.

Алкарас, вториот рекет на светот, има можност да ја освои третата последовна титула на Вимблдон, додека Синер, кој е моментно број 1, се надева на својата прва титула на „тенискиот Монт Еверест“.

Во својата 12-та меѓусебна пресметка, Алкарас води со осум победи. Последниот нивен дуел се одигра во финалето на Ролан Гарос, каде Шпанецот направи неверојатен пресврт, и од 0-2 во сетови славеше со 3-2.

Дуелот носи огромно внимание, а интересот за влезници е рекорден. Цените на црниот пазар достигнуваат до 46.000 евра, колку што чини нов автомобил од премиум класа.

Синер има блескава сезона, а со овој меч ќе се обиде да испише историја како првиот Италијанец што го освоил Вимблдон, додека Алкарас сака да потврди дека е новиот крал на тревната подлога.

- Оглас -

Најнови вести