Билетите се продаваат како „алва“: Рекорден број продадени билети на две недели до мечот

Фудбалската федерација на Македонија за првпат билетите за еден домашен меч на репрезентацијата на Македонија ги продава преку сопствената платформа, а од нашата Куќа на фудбалот има информација дека досега се продадени рекорден број билети.

На две седмици пред мечот, веќе се продадени околу 5.000 билети, што е рекорд за овој преиод. Одамна не се случило да има толкав број продадени билети на две недели пред мечот.

Сосема извесно е дека Македонија ќе има голема поддршка од трибините, што ќе биде само дополнителен мотив да ги започнеме квалификациите за Светското првенство со два бода и максимални шест бода.

Билетите се продаваат по цена од 300 и 400 денари.

- Оглас -

Најнови вести