Билетите за дуелот меѓу Германија и Шпанија „на црно“ достигнаа неверојатна сума

Финале пред финалето, вака е најавен првиот четвртфинален дуел на Европското првенство меѓу селекциите на Германија и на Шпанија во Штутгарт. Мечот е закажан за в петок од 18 часот, а билетите на црниот пазар за оваа голема пресметка уриваат рекорди.

Како што открива „Билд“, во моментот еден билет чини околу 6.000 евра, а се очекува до петок сумата да достигне и неверојатни 10.000 евра.

Германците се во фудбалска еуфорија и веруваат дека оваа генерација предводена од Нагелсман може да го освои европскиот трофеј. Затоа, не штедат пари за да бидат дел од историските натпревари во живо, на трибините.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести