Билетите за Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 распродадени само за 17 минути!

Саботниот меч за титула во македонскиот ракометен шампионат донесе вистинска еуфорија во Битола, па достапните билети за мечот на Еурофарм Пелистер со Вардар 1961 биле продадени само за 17 минути.

Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последно место, битолчани се надеваат на победа и прва титула по 16 години. Чкембари најавија дека ќе навиваат од пред сала, но секако атмосферата во салата ќе биде жешка.

- Оглас -

Најнови вести