10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Билетите за контролниот меч на Македонија против Летонија по цена достапна за секого

Македонската фудбалска репрезентација на 18 ноември во Кардиф против Велс ќе го игра последниот меч од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Нашата селекција е во борба за второто место кое треба да ни донесе полесен ривал во плејофот.

Пред одигрување на клучниот меч против Велс, Македонија како загревање, во Скопје ќе одигра контролен дуел против Летонија. За овој дуел на арената „Тодор Проески“ кој нема да има големо резултатско значење, Фудбалската федерација на Македонија одлучи каритите да се продаваат по цена од 200 и 300 денари.

Дуелот против Летонија ќе се игра на 13 ноември и ќе биде последен за Македонија на домашен терен во 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести