Билетите за Вардар – Рајн Некар, по цена од 200 до 300 денари

Ракометниот клуб Вардар 1961 објави дека се пуштени во продажба билетите за мечот против германски Рајн Некар Левен, кој се игра на 26-ти август во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток во 19 часот.

Тоа е прв натпревар од квалификациите за влез во групната фаза во Европската лига на ЕХФ.

Продажбата на билетите ќе се врши онлајн на https://mktickets.mk/event/var_rnl/ и преку продажната мрежа на МкТикетс. Цената на билетите се движи од 200 до 300 денари, во зависност од блокот.

- Оглас -

Најнови вести