Билиќ: Во 1998 велеа дека тогаш сме стигнале до полуфинале и веќе никогаш!

Во последните 24 години, Хрватска дури трипати е меѓу полуфиналистите на светските првенства, подвиг каков што во овој период има само уште Франција.

Некогашниот репрезентативец и ексселектор на Хрватска, а актуелен тренер на Вотфорд, Славен Билиќ, во интервју за англиски медиум рече дека клучот на успехот е во менталитетот.

„Беше горд момент што го победивме Бразил. По полуфиналето и бронзата во 1998 година, луѓето велеа дека никогаш веќе нема да се повтори тоа, дека нема шанси. Но, се случи Русија 2018 и финалето, а луѓето пак велеа тоа е тоа, веќе никогаш. Неверојатно е што по третпат успеваме. Не знам колку од големите земји двапати по ред биле во полуфинале на СП. Очигледно дека сме талентирани, физички сме добри, но има нешто поважно, ментално сме добри и одлични сме во сите екипни спортови. Имаме заедништво и обединети сме“, вели Билиќ.

Според Билиќ, слаба точка во составот на Златко Далиќ се напаѓачите.

„Немаме напаѓачи. Еден игра за Динамо, друг за Хајдук, трет за Осасуна, четврти е Крамариќ, кој повеќе е како втор напаѓач“, смета Билиќ.

- Оглас -

Најнови вести