„Билите“ славеа на најголемото хрватско дерби и се реваншираа за поразот од пред една недела

Новата сезона во хрватскиот шампионат е отворена со најголемото дерби, дуелот меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит и тоа на „Максимир“.

Како победник од вечерашниот дуел излегоа „Билите“ од Сплит кои голот вреден три бода го постигнаа во судиското продолжение.

Подобрата игра во првото полувреме, Динамо Загреб, за кого сите 90 минути ги одигра капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, поведе со голот на Бруно Петковиќ во 34-та минута. Само четири минути подоцна, токму Ристовски имаше одлична шанса да донесе водство до 2:0, но топката заврши неколку сантиметри покрај голот.

На стартот од второто полувреме доминираше Хајдук, но без голема шанса, за во 65-та минута, по прекршокот на Млакар над Мохарами, судијата да покаже на белата точка за Динамо. Но, Петковиќ слабо шутираше и голманот Лучиќ го одбрани неговиот удар.

Од тој момент, „Билите“ заиграа далеку подобро и успеаја да направат пресврт. Прво во 74-та минута Ливаја израмни на 1:1, а победничкиот гол го постигна Пукташ во судиското продолжение.

https://twitter.com/i/status/1682485244409139205

- Оглас -

Најнови вести