Возачот на КТМ, Бред Биндер, победи на втората спринт трка во новата сезона во Мото ГП шампионатот, која се возеше за Големата награда на Аргентина.
Биндер до победата дојде откако стартуваше од 15-та позиција. Јужноафриканецот имаше одличен старт и со неколку претекнувања, во третиот круг изби на лидерската позиција. Спринт трката, на втората позиција ја заврши возачот на ВР46, Марко Бецеки кој се обиде во последниот круг да го нападне и Биндер, додека како трет заврши Лука Марини, исто така од ВР46.
https://twitter.com/i/status/1642231706538196994
Четврти беше Франко Морбидели, а меѓу десетте најдобри се најдоа и Алекс Маркес, Франческо Бањаја, Маверик Вињалес, Хорхе Мартин, Фабио Квартараро и Џек Милер.
https://twitter.com/i/status/1642265728718974982
Во втората спринт трка сезонава стартуваа 18 возачи, а не ја завршија, минатогодишниот победник на трката во Аргентина, Алеш Еспаргаро и возачот на Репсол Хонда, Жоан Мирж.
Трката во Мото ГП класата за Големата награда на Аргентина ќе се вози утревечер од 19 часот.