Во интервју за српскиот „Мондо“, легендарното крило на Црвена ѕвезда, Драгиша Биниќ, кој најмногу беше познат по својата брзина, се осврна и на неговиот некогашен соиграч Дарко Панчев „Златната копачка“ на Европа од 1991 година, кога Ѕвезда стана европски првак.
Биниќ беше еден од најстарите играчи во шампионскиот тим на Ѕвезда, а Панчев го опиша како неповторлив гол-мајстор, но и себичен играч.
„Панчев обично ми додаваше на страна за да морам потоа јас нему да му асистирам. Секогаш беше така. Тој само еднаш во животот ми намести гол на мене, против Грасхоперс во Белград. Тогаш и веќе никогаш“, раскажува со насмевка Биниќ.
„Но, тој знаеше како да се постави, некогаш топката ќе го удреше во колено и ќе влезеше во гол. Таков беше, како тој што знаеше да даде гол, никој не знаеше. Можевме петмина да се наредиме во 16-никот, тој да стигне шести и топката да падне кај него. Таков веќе не се раѓа“, вели Биниќ.